Sportzon конусите се основен реквизит за тренинг на агилност, брзина, координација и поставување тренинг‑станици. Моделот со висина од 23cm овозможува подобра видливост и стабилност, што го прави идеален за професионални и аматерски тренинзи во сите спортови – фудбал, ракомет, кошарка, одбојка, фитнес и функционален тренинг.
Изработен е од квалитетен и издржлив PVC материјал, отпорен на притисок и надворешни услови. Благодарение на стабилната основа, конусот останува фиксиран на подлогата и при брзи промени на насока.
